Економските последици ќе разнишаат и ослабат многу сектори, велат економските аналитичари.

Здравјето пред се, во време на корона криза тоа е најважно и најдрагоцено. Но економските последици ќе разнишаат и ослабат многу сектори, велат економските аналитичари.

За помош на фирмите кои едвај опстануваат во време на коронакриза, проценките говорат дека се дадени 1, 4 милијарда евра. Голем дел од парите се земени преку кредитни линии.

Универзитетскиот професор по економија Гадаф Реџепи, смета дека тоа е огромна сума на пари дадени за краток период, ако знаеме дека состојбата со вирусот не се смирува.Сега се поставува прашањето како државата ќе се справи со економијата во наредниот период, од каде пари, но и како ќе се вратат.

-Требаше да се анализира дека последиците и ефектите ќе продолжат и премногу пари даде државата за краток период, дека државата веќе не може да издржи да и помогне на економијата ако имаме полоша ситуација сега не знам како од ова може да има полошо, не знам како ќе и се помогне на економијата, рече универзитетскиот професор Гадаф Реџепи

Дополнително проблем е што голем дел од парите за помош на фирмите во време на коронакризата се дадоа без да се земат предвид кој колку загубил од вурусот.

-Требале тие пари да одат кон тие сектори кои ние ги затворивме, на пример угостители или на пример некои семејни бизниси каде работаат на пример сите членови на семејството, рече професор Гадаф Реџепи. 

Сепак на крај економските последици од коронакризата ќе зависат и од другите земји како ќе се справат со пандемијата и последиците од неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!