ЕЛЕМ ТУРС самостојно ќе управува со Попова Шапка


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ ја поддржуваат одлуката, но потсетуваат дека паралелно со поделбата на фирмите мора да се работи на подобрување на условите.

Услови за нови инвестиции во развојот на Попова Шапка се очекува да се создат со владината одлука со која ЕЛЕМ ТУРС ќе управува со ски центарот како самостоен субјект, а потоа ќе започне и постапка за јавно-приватно партнерство .

Од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, која учествуваше во разговорите, свесни се дека истото нема да биде брзо, но тие ќе бидат упорни за да се оствари.

Од Иницијатива во изминатите години постојано потсетуваа на проблемите на Попова Шапка. Велат паралално со постапката за одделување на фирмите, мора да се инвестира за подобрување на условите во центарот, за следната сезона да нема колони возила, како годинава. 

Дополнително од Иницијативата ја потенцираат и неопходноста од детален урабистички план за ценатрот, како и да се започне со проектна документација за годонолата Тетово – Попова Шапка, која според нив ќе биде спас за проблемот со транспортот.