Енергетската криза ги погоди и образовните институции во Тетово

Енергетската криза ги погоди и образовните институции во Тетово. Училиштата мора домаќински да менаџираат со нафтата, за објектите да бидат затоплени, особено овие денови кога темпертурите на воздухот се ниски, а поради ковид протоколите мора и да се проветрува на секои два часа.

            Од Управата на Медицинското училиште, по реакции на дел од родителите дека училниците каде што учат нивните деца не се доволно топли, велат дека за сега состојбата е под контрола. 

            Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово потенцираат дека тоа е глобален проблем, бидејќи поради покачувањето на цената на енергенсите, средствата на блок дотациите кои ги имаат училиштата не стигнуваат. Велат дека во некои од училиштата мора да прават рестрикции во греењето, затоа што и снабдувачите не можат да обезбедат нафта.

            Од Секторот велат дека управите на училиштата си помагаат меѓу себе, тие кои имаат, им позајмуваат нафта на оние кои немаат.

Данијела Билбилоска