Жените се рамноправни со мажите, па и во фудбалот
Долги години во женскиот фудбал, сега тренер на Женската фудбалска репрезентација, Сузана Синадиноска, пред камерата на Кисс и Менада, открива дека во земјава сѐ уште жените не се целосно еднакви со мажите. И покрај напредокот, сепак, постојат стереотипи. Таа со нејзиниот пример, како првата интернационалка која започнала да игра фудбал во Србија, прв капитен на Женската фудбалска репрезентација, а сега и тренер стио исправено пред предизвиците и докажува успешност.
„Фудбалот е и за жени, затоа што тие се рамноправни со мажите“ е одговорот на тренерот на Женската фудбалска репрезентација, Сузана Синадиноска, кога се во прашање стереотипите.
Ведра, насмеана и искрена, пред нашата камера, вели, дека за жал, дека во земјава сѐ уште нема еднаквост, особено кога се работи за овој спорт.
Сега женскиот фудбал напредува и има многу заинтересирани девојчиња, за разлика од нејзините почетоци кога не бил атрактивен. Синадиноска уште како мала, во нејзиното село Ратае, наместо кукли одбирала фудбалска топка. Во средно училиште се занимавала со атлетика, но нејзиниот сон бил фудбалот. Желбата и се остварува и го облекува македонскиот дрес.
Синадиноска е лиценциран тренер и годинава и 10-та јубијелна од кариерата како асистент тренер. Желба и е нашата репрезентација да достигне повисоко ниво.
Синадиноска порачува децата да се занимаваат со спорт, а жените ги охрабрува да го остварат својот сон и да ја работат професијата која ја сакаат.
Данијела Билбилоска