Жителите на тетовска Луковица повторно разочарани затоа што и оваа година нема да добијат аслфалтиран пат до селото.

Се продлабочува маката на жителите на тетовска Луковица, како да стигнат до селото. Додека со децении чекаат да се асфалтира, сега земјениот пат дополнително е оштетен од невреме. За обезбедување средства за реализација на проектот се префрла „топката“ од локалната на централната власт.  

Жителите на тетовска Луковица повторно разочарани затоа што и оваа година нема да добијат аслфалтиран пат до селото. Реализацијата на нивниот проект никако да започне иако имаше предвидени средства од Светска банка за инфраструктурни проекти во општина Желино, а пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Александар Велјановски информира дека не поминал ниту амандманот во Комисијата за финансирање и буџет за да се обезбдат средствата.  

            Борбата на жителите на Луковица за асфатлирање на патот во должина од само 5, 5 км е децениска, па во неколку наврати и сами собирале средства за изработка на проекти. Немањето интерес од властите за нивните потреби проодолжува. Земјениот пат дополнително е оштетен по невремето кое го зафати овој регион.

Луковица е единствено село во општина Желино кое нема асфалтиран пат. Има вкупно 75 куќи со речиси 100-тина домаќинства и 45 постојани жители. Во летниот период, како и за време на викендите во селото посетеноста е многу поголема. Од сите села во општината само во ова живеат Македонци.

Данијела Билбилоска