Жителите на тетовски Челопек го осудуваат нападот што се случи вчера во Виена, кој според австралиските власти го извршил Кујтим Фејзулаи со потекло од ова село

Велат дека членовите на негово семејство биле добри луѓе, кои пред многу години се преселиле во Австрија и ретко доаѓале во родниот крај, а нивниот син никој не го познава.

Во тетовски Челопек денес се чувствуваше вознемиреност по веста дека терористичкиот напад во Виена го извршило лице кое потекнува од селото. Според жителите, семејството на Кујтим Фејзулаи пред повеќе од 30 години заминало надвор од државата, односно најпрво одреден период престојувале во Хрватска, а потоа се преселиле во Австрија.

Повеќе детали не знаат за нивниот живот, бидејќи никој од фамилијата веќе не живее во Челопек, но потенцираат дека биле пристојно семејство и дека никој не очекувал вакво нешто од синот, за кого велат дека не го познаваат.  

Челопечани го осудуваат настанот и велат дека тоа што нивното село се спомнува во негативен контекст ќе има реперкусии врз нивните сонародници, кои во голем број работат во Австрија.

Жителите не паметат ваков немил настан поврзан со нивното село и велат да не се повтори.

error: Content is protected !!