ЖФК Љуботен ги руши табу темите дека понежниот пол не е за фудбал
Тетовскиот клуб Љуботен ги руши табу темите дека понежниот пол не е за фудбал. Фудбалерките ја освоија шампионската титула во првенствената сезона 2021/2022 година во Првата женска фудбалска лига на Македонија, со 17 победи, 4 нерешени натпревари и само еден пораз и со освоени 55 бодови.
Со интензивни и редовни тренинзи на спортското игралиште во Тетово, шампионите на Првата женска фудбалска лига на Македонија, фудбалерките од Љуботен се подготвуваат за последниот дерби натпревар оваа сезона. Моментално се на лидерската позиција со три бода предност во однос на конкурентите и се надеваат дека шампионската титула ќе ја освојат и оваа сезона.
Амбициите на клубот се и оваа година да се изборат за учество во Лигата на шампионите.
Тимот се состои од спој на младост и искуство кој носи резулати, 20-тина девојки на возраст од 15 до 28 години. Во екипата има 5 интернационалки – 3 од Бразил, 2 од Србија, 5 македонски репрезентативки сениотри, 3 младински репрезентативки
Табу темите дека женските не се за фудбал полека исчезнуваат, а интересот е се поголем од година в година, велат од клубот.
Женскиот фудбалски клуб ЉУБОТЕН Тетово е основан на 08.08.2017 година и како дел од најстариот активен фудбалски клуб ЉУБОТЕН во Македонија, заедно со машката екипа ја наставува фудбалската традицијата во Тетово од 1919 година.
Данијела Билбилоска