ЖФК Љуботен со ново раководство, нов тренер и неколку засилувања во борба за опстанок

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово во новата сезона влагува со амбиции да обезбеди опстанок во лигата. Новото раководство на клубот, предводено од претседателот Ивица Богдановски, ангажираше нов шеф на стручниот штаб и тоа помошникот од женската репрезентација на Македонија до 19 години, Сузана Синадиновска.

Клубот до сега ангажираше и четири нови засилувања и тоа: Дренуше Ајдини, Егзона Јашари, Кристина Николовска и Јулија Живиќ, кои треба да го подигнат квалитетот на екипата на повисоко ниво, се со цел да се избори опстанок во лигата.

Во првата женска фудбалска лига на Македонија до сега се одиграни две кола, во кои ЖФК Љуботен забележа два порази, 10-0 од Топ Гол во Битола и 13-0 од Ас Јунајтед во Тетово.

error: Content is protected !!