Забраната за работа на угостителските и трговските објекти во Тетово воглавно се почитува
Забраната за работа на угостителските и трговските објекти во Тетово воглавно се почитува, велат од Државниот пазарен инспекторат, подрачно одделение Тетово.
Од инспекторатот, велат дека ги контролираат објектите во Тетово и околината 24 часа. Велат дека имаат некои проблеми со локални кафетерии низ селата. Тие добиел опомена, но ако не ги почитуваат мерките и понатаму, ќе се соочат со казни.
Појаснуваат дека контролите и понатаму ќе продолжат, се додека не се укинат мерките.
И забраната за работа на угостителските и трговските објекти после 18 часот мерка кој траеше до пред два дена воглавно се почитуваше, освен одредени објекти по селските средини кои од инспекторатот добија само опомени.