Заврши јавниот повик за субвенционирање клима уреди

За сите кои подигнале потврди од ЈКП, а не ги доставиле документите се најавува и втор јавен повик за два месеца.

Во Општина Тетово веќе не се примаат нови барања за субвенции на граѓаните на општина Тетово за набавка и монтирање на инвертер клима уреди за 2020 година. Во Архивата се доставени вкупно 1500 апликации, а за сите кои подигнале потврди за предадени печки од ЈКП, а не ги доставиле документите се најавува и втор јавен повик за два месеца.

„Ги известуваме граѓаните дека заради исполнување на бројот од 1500 барања за субвенции на граѓаните на општина Тетово за набавка и инсталација на инвертори за 2020 година, врз основа на став 2 од јавниот повик објавен на 11.08.2020 година, почнувајќи од утре ( 03.09.2020), во архивата на општина Тетово, НЕМА да се прифаќаат новите барања за оваа намена. Според јавниот повик, вкупно 1500 домаќинства ќе бидат субвенционирани, додека придобивката од субвенциите ќе се изврши според принципот „прв дојден прв услужен“! По разгледувањето на апликациите од релевантната комисија, доколку дојде до ситуација средствата наменети за субвенционирање на 1500 домаќинства во вредност од 62.000 денари за набавка и инсталација на инвертори, не се искористат во целост, општина Тетово повторно ќе објави јавен повик за субвенции на инвертори, до целосно исцрпување на средствата наменети за оваа намена“, соопштуваат од Општина Тетово.

Јавниот повик за субвенции на граѓаните на општина Тетово за набавка и монтирање на инвертер клима уреди се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

error: Content is protected !!