Завршна изложба на графика во Паркот на Шарената џамија во Тетово

Денес се заокружија активностите посветени на Светскиот ден на уметноста организирани од Уметничката галерија во Тетово. На завршна изложба беа презентирани делата на студенти  од Државниот универзитет во Тетово, во повеќе техники. Во паркот на Шарена џамија пак, беа изложени графики кои сите заинтересирани можеа да ги погледнат од 10 до 18 часот.

Темата на уметничките слики била слободна – застапени биле различни тематики од различни профили на уметници и различни категории. од Уметничката галерија Тетово велат дека целта била во активностите да се вклопат повеќе сегменти, за да се промовира уметноста.

Маја Пероска