Завршна приредба на дечињата од детските градинки од Тетово

Околу 300 дечиња на предшколска возраст, од детските градинки во рамки на Општина Тетово, денес во Домот за култура во Тетово, со добро подготвена музичка програма исполнета со детски песни и игри, одржаа завршна приредба пред многубројната публика. Приредбата беше организирана и по повод светскиот ден на детето – први јуни.

На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, кој во своето обраќање говореше за правата на децата и унапредувањето на нивниот потенцијал.

Инаку, ОЈУДГ „Младост“– Тетово  заедно со Центрите за ран детски развој и групите во други просторни услови застапуваат над 1000 дечиња.

Ивана Серафимовска