Запленети пиротехнички средства – приведени двајца гостиварци сопственици на угостителски објекти

Вчера во 14.30 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода 46 и 20годишник, двајцата од Тетово, затоа што биле затекнати како продаваат пиротехнички средства. Кај нив биле пронајдени и одземени околу 300 парчиња разновиден пиротехнички материјал. Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 8 од Законот за заштита од експлозивни материи. Запленети биле и близу 30.000 парчиња пиротехнички средства – вчеравечер околу 17.30  часот од страна на полициски службеници во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето. 41 годишник од М.Речица пронајдени му се и одземени 27594 парчиња разни пиротехнички средства . Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на вкупно 70 лицa (ТЕ-32 и ГВ-38) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 54 (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-611 и ГВ-421 лицe со вакви решенија и при тоа не било констатирано непочитување на истите.

Вчеравечер околу 19 часот и 15 минути, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 50-годишен гостиварец, чиј угостителски објект бил отворен и во него престојувале неколку лица. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик). Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Вчеравечер околу 22 часот, полициски службеници лишиле од слобода 62-годишен гостиварец , затоа што неговиот објект(слаткарница) на улица „Илинденска“ во Гостивар, работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица.Се расчистува случајот и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Четириесет и седумгодишен гостиварец ноќеска половина час по полноќ, пријавил дека околу 20 часот и 30 минути, пред семејната куќа на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар, физички бил нападнат од пет лица, меѓу кои и негови роднини.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

error: Content is protected !!