Започнаа градежни работи за регулирање на порој над селото Шипковица

Од 6-те жртви во поплавите во 2015 година, кои го зафатија Тетово и шарпланинските села, две малолетни деца беа од семејството на Меди Ахмеди од Шипковица. Тој вели дека надлежните за првпат дури по 7 години на терен започнале градежни работи за регулирање на порој над селото.

„Да, првпат, но не може овде да се заштити бидејќи мал е проектот, не е баш како што треба, каналот треба да биде поширок. Сепак фала што го направија“, вели Меди Ахмеди од Шипковица.

Активностите за подобрување на отпорноста на поплави се реализираат со пари од Швајцарската влада и од буџетски средства.

„Оваа е исклучително важен проект, пред се во интерес и заштита на населението и обезбедување на одржлив и инклузивен раст со подобрување на отпорноста на заедниците од Полошкиот регион на катастрофи од поплави“.

  Ние работиме во Полог но сега сакаме овој проект да го прошириме на целата држава. Но за полошкиот регион ние исто така развивме видео-презентации и мрежа помеѓу сите општини за да бидат подобро подготвени за вакви временски непогоди но исто така да учествуваат и да видат обучени за да се справат со вакви ситуации , да преземат вистински одлуки и да ја менаџираат непогодата кога ке се случи.

„Само интегрираниот пристап на сите девет општини во полошкиот регион на крајот ќе биде подобрување на севкупната отпорност на заедницата на поплави“

Но речните корита не се единствените виновници за поплави. Ерозијата на земјиштето се создава поради дивата сеча на шумите и градењето без дозвола на Шар Планина. Тетовскиот градончалник вели дека работат и на сузбивање на ваквите појави.

„Комуналната општинска инспекција е на терен секојднвено и се обидуваме да не дозволиме нови дивоградби чие влијание би било негативно врз природата. Во делот на дивата сеча тоа е одговорност на централната власт, но се надеваме дека и во тој дел ќе има соодветни контроли, особено во делови кои се значајни да нема поплави, да не се сече“, вели Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Во поплавите во 2015 година покрај човечки жртви имаше и големи материјални штети, како Шипковица, така и во Мала Речица и Тетово.

Данијела Билбилоска