Започна акцијата за заловување агресивни кучиња-скитници

Врз основа на телефонскиот број и електронската адреса коишто ги објави Општина Тетово, за пријавување на агресивни кучиња-скитници, почнувајќи од синоќа во период од полноќ до 4 и 30 часот, започна акцијата за заловување на кучињата. Aкцијата ја спроведоа, ветеринари од Скопје, претставници од Општината и здружението „Амос“. Акцијата на заловување агресивни кучиња-скитници, беше спроведена на повеќе локации низ Тетово, поточно кај фабриката „Тетекс“, градските гробишта, центарот на градот и околу зградата на Општина Тетово. Од Општина Тетово, информираат и дека залововувањето  било извршено професионално со пушка за анестезија која не е штетна по животот на кучињата, исто така нагласуваат дека за згрижување на кучињата е одговорно здружението за заштита на животни „Амос“ и дека оваа акција ќе продолжи во наредниот период.

Покрај ова, граѓаните се информираат дека, Општина Тетово, заедно со Центарот за полошки плански регион работи на регионално решавање на проблемот со кучињата-скитници, со изградба на стационар за бездомни животни наменет за целиот полошки регион.

Ивана Серафимовска