Започна асфалтирање на локален пат во гостиварско Дебреше

Во гостиварското село Дебреше започнаа работите за асфалтирање на локален пат, во должина од околу половина километар и ширина од 6 метри. Проектот се реализира со средства обезбедени од општинскиот буџет, а вредноста изнесува околу 2,7 милиони денари.

„Ова е прва инвестиција асфалтирање на пат по Програмата на општината за годинава. Реализиравме асфалтирање и на патот од Симница до Церово, но тоа беше проект со меѓуопштинска соработка, а ова е целосно на Општина Гостивар. Ќе продолжиме со реализација на проекти, доцниме поради ситуацијата со Ковид 19, но се надевам дека натаму ќе се стабилизира состојбата, за да го сработиме сето она што сме го дале као ветување пред граѓаните“, рече градоначалникоит Арбен Таравари.

Периодов локалната самоуправа работи и на два крака на канализационата мрежа во Чегране. Од друга страна, изградбата на канализација во селото Чајле е стопирана. Градоначалникот вели дека работите ги кочи Министерството за внатрешни работи, и покрај тоа што општината добила согласност за проектот од Министерството за транспорт и врски.

Локалната самоуправа очекува за десетина дена проблемите да се надминат и да се создадат услови за реализација на зафатите во канализацијата во Чајле.

Инаку, Дебреше брои околу 1.800 куќи со 9.000 жители од кои голем дел се иселени во странство.

error: Content is protected !!