Започна изградбата на инклузивен социјален парк во Гостивар

Во рамките на големиот градски парк во Гостивар, започнаа работните активности за изградба на инклузивен парк со површина од 675 метри квадратни, каде што децата, вклучително и дечињата со попреченост ќе се другаруваат играјќи заедно. Инклузивниот социјален парк ќе биде уреден со татран заради безбедноста на посетителите и ќе биде опремен со безбедни игри и реквизити со високи стандарди. Овој проект доаѓа како резултат на апликацијата со овој проект од страна на Општина Гостивар до Бирото за регионален развој на Полог и Министерството за труд и социјална политика – информираат од Општина Гостивар.