Започна планинарската сезона


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово, ја отвори сезоната за планинарење, со искачувањето до Бела Вода на Шар Планина.

Планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово ја отвори новата сезона. Кон крајот на февруари беше организирана првата планинарска тура, за искачување до месноста Бела Вода над селото Ѓермо, која се наоѓа на 1500 метри надморска височина. 

Покрај искачувањата на Шар Планина, членовите на овој планинарски клуб за годинава планираат да организираат тури и на други планини ширум земјава.

Изминатата година членовите на Планинарскиот клуб „Тетекс“ учестувале на 50-тина планинарски тури. Нивните активности продолжуваат и понатаму, согласно протоколите за заштита од Ковид-19.