Започна реконстукцијата на Домот на АРМ

После реконструкцијата на Домот на АРМ, предвидено е управата на Музејот на тетовскиот крај да се префли во објектот и да се започне со работа Младински културен центар.

Започнаа активностите за реконструкција на објектот на Домот на АРМ во Тетово, кој е предаден на употреба на Националната установа „Музеј на тетовскиот крај, за да се користи за нивните потреби. Во првата фаза од реновирањето се спроведува темелно чистење на објектот и санирање на покривот.

Во објектот се планира да биде префрлена управата на Музејот, со оглед на тоа дека сегашните канцеларии се наоѓаат во објект кој претставува споменик на културата, додека простории планирано е да бидат наменета за изложби и други културни активности.

Инаку, објектот ДОМ на АРМ во владение на Министерството за одбрана веќе неколку години не фунционираше, за истиот никој не се грижеше и беше оставен на забот на времето.