Започна уписот во средните училишта
Истите се организирани и се спроведуваат согласно Протоколот за заштита.
Од денеска започна да се спроведува првото пријавување од јунскиот рок за упис во учебната 2020/2021 година и истото ќе трае до 18 јуни.
Според протоколот, документите се поднесуваат по азбучен ред на презимето. Задолжително е носење заштитни маски, растојание од два метра и дезинфекција. Училиштата се обврзани да обезбедат редари и е ограничен бројот на ученици, кои во исто време ќе влезат во училиштето за да поднесат документи.
Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни.