Започна уписот на првачиња за новата учебна година
Започна уписот на првачиња за новата учебна година. Според евиденцијата во клупите во основните училишта во општина Тетово од септември ќе треба да седнат 974 ученици во прво одделение.
Од денес па до крајот на мај ќе трае запишувањето ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Во сите училишта во општина Тетово се формирани комиисии кои ќе ги примат родителите заедно со нивните деца, кои, пак, со себе треба да ја имаат потребната документација.
Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Годинава ќе има мали измени во реонизацијата за тетовските училишта, кои треба да поминат на утрешнот продолжение на последната седница на Советот.
Во прво одделение се запишуваат ученици кои до крајот на календарската година ќе наполнет шест години. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Данијела Билбилоска