Започна јавната кампања за информирање на локалното население што значи Шара да биде национален парк


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Паркот во местото викано Те Душку во село Камењане, изграден на локација кадешто имало голема депонија, привлекува голем број посетители, со што бенефит имаат и локалните бизнисмени. Вакви туристички места се потребни во руралните средини за нивно развивање од социо-екомонски аспект, што се предвидува и со прогласувањето на Шар Планина за Национален парк. Дополнително треба да се промовираат природни убавини, кои ниту локалните жители не ги знаат.

Токму паркот во Камењане како позитивен пример беше првото место, каде невладините и ресорното министерство имаа средби со локалното население за да го информираат за придобивките од прогласувањето на Шар Планина за национален парк.

Од планинарските друштва кои постојано аламираа за дивата сеча на Шара и нелегалните патишта, се надеваат дека конечно ќе се воспостави ред со прогласувањето на ова подрачје за заштитено.

За подобро разбирање на процесот за прогласување на национален парк, ќе бидат спроведени дебати и јавна презентација на Студијата за валоризација на Шар Планина.