Започнува да функционира Капелата за православните гробишта во Тетово

Од денес започнува да функционира Капелата, која се наоѓа кај православните гробишта во Тетово. На последната седница на Советот беше усвоен и ценовникот за користење на услугите на Одделението за праославни гробишта при ЈКП Тетово.

Објектот на капелата, односно мртовечницата за православните гробишта во Тетово од денес започнува да работи. Комплетирани се сите административни процедури и извршено е опремување со потребниот инвентар, информира раководителот на Одделението за православни гробишта при ЈКП Тетово, Мирослав Симовски.

Минатиот месец на седница на Советот беше усвоена и одлука за утврдување на висината на надоместок на услугите што ги врши ЈКП Тетово, Одделение за православни гробишта.

Капелата е новина во Тетово, па отсега православните верници можат да ја користат кога имаат смртен случај во семејствто.

Објектот на капелата започна да се гради во октомври 2015, а се заврши во 2018 година, по што неколку години не беше функционален поради пропусти и недостаток на опрема.

Данијела Билбилоска