Започнува 10-то издание на филмскиот фестивал Watch Out

Јубилејното 10-то издание на филмскиот фестивал Watch Оut, од 15-ти јуни па се’ до 18-ти јуни ќе се одржи под отворено небо во амфитеатарот на музејот на Комунистичката патрија на Македонија. Во конкуренција од 564 филмови од 59 држави ширум светот, во ова издание на фестивалот за победници се одбрани 3 филмови од кои еден документарен филм и еден краткометражен филм од Шпанија и еден филм од категоријата експериментален и анимиран филм од Иран. Ова издание на Watch Out има за цел да ја доведе културата поблиску до граѓаните и да го трансформира општеството кон подобро преку магијата на киното.

Веќе во среда,  со почеток од 20 часот филмскиот фестивал свечено ќе биде отворен за посетителите, а истиот ден ќе бидат доделени и наградите за победничките филмови. Сите филмови пак, кои ќе се прикажуваат во текот четирите дена, публиката ќе може да ги проследи во оригиналната верзија со превод на англиски јазик. Влезот на сите проекции е бесплатен.

Ивана Серафимовска

Leave a Reply

Your email address will not be published.