Запуштени зелени површини во Тетово, а урбаната опрема мета на вандализам

Слободни јавни зелени површини во Тетово не се одржуваат доволно. На места може да се забележи уништена урбана опрема и реквизити.

Зелените јавни површини кои и така малку ги има во Тетово се запуштени. Често може да се забележат и оштетени реквизити и урбана опрема, како и отпад. Најлошо е во делот околу спортскиот центар, кој воопшто не се одржува и е обраснат со висока трева, наместо да се уреди и намени за реакреативни активности. Жителите велат дека надлежните треба повеќе да работат, но и има повеќе инспектори кои ќе казнуваат, со што ќе се зголеми свеста кај лицата кои вршат вандализам.

„Општината треба треба да го одржува, зашто ние плаќаме даноци. И хигиената е на нула. А ова е штета и за децата, сега е период кога излегуваат и змиите и смокови, може да има последици“.

„Треба да постои законот, инспекција да има да има казнување. Кога ќе го казниш, тој нема да фрла ѓубре ако го удриш по парите“.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово велат дека поради дождливото време подоцна започнале со активности за одржување на зелените површини, а како поголем проблем го потенцираат уништувањето на јавните добра.

„Една од причините е дождливото време што го имавме во последно време, а втора работа се соочуваме и со вандализмот на младите коишто вршат уништување на урбаната опрема, пакровски клупи, играчки. Нема две години, нема две години како се поставени, играчките деца веќе почнато е да се расипуваат“. – изјави Љуљзим Шаќири, ЈКП Тетово – Тетово

Инаку тетовчани и немаат голем избор на места за спорт и рекреација. Наместо зголемување на површини со паркови и зеленило, во градот се повеќе има бетон, асфалт и прашина.

Данијела Билбилоска