Затворени два угостителски објекти, а сопствениците приведени поради кршење на „Ковид мерките“


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

На 15декември околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 38-годишен тетовец, чиј угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот. Објектот бил затворен, додека тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Вчера исто така околу 22.50 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 27 годишник од гостиварско Дебреше, затоа што неговиот објект во селото бил отворен и во него се наоѓале десетина гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок, исто така, по член 206 од Кривичниот законик. Неговиот угостителски објект без фирма бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.