Затворен угостителски објект во Гостиварско, приведен сопственикот

Вчера (24 февруари) во 21 часот и 15 минути, по претходна пријава, полициски службеници од Полициското одделение Чегране извршиле контрола во угостителски објект во гостиварско Чегране, сопственост на 37 годишник од ова село. При контролата, во објектот биле затекнати четири лица (заедно со сопственикот) и било констатирано дека не биле почитувани меркита на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.

Објектот бил затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственикот бил проведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.