Затворен угостителски објект во тетовско, сопственикот приведен

Затворен угостителски објект, сопственикот и двајца гости приведени, откриени странски државјанки. Ваков е епилогот од синоќешната акција што околу 22 часот и 30 минути ја спровеле полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат во локал тетовско Жеровјане. Како што соопшти МВР во објектот биле затекнати околу 40 гости. Од слобода биле лишени сопственикот на објектот поради постоење основано сомнение за две кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „Трговија со луѓе“, како и двајца гости кај кои била пронајдена прашкаста материја и марихуана. Воедно биле затекнати и седум државјанки на Србија, една државјанка на Бугарија и две наши државјанки кои работеле во угостителскиот објект. И девојките биле лишени од слобода.

Објектот е затворен од Државениот пазарен инспекторат и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, извести МВР.

Полициските податоци за изминатото деноноќие говорат дека на подрачјето на Тетово биле издадени 91 ново решение за изолаицја, додека во Гостивар 87. Исконтролирани биле 811 лица со решенија во тетовско и 765 во гостиварско, при што не биле констатирани непочитувања. Истиот период за неносење маски полицијата во регионот на Полог казнила 105 граѓани.

error: Content is protected !!