Зачестени пожарите во тетовско

За два месеца тетовските пожарникари интервенирале 100 пати. Апелираат на поголема внимателност особено до земјоделците, пред почетокот на пролетната сеидба.

Вработените во Територијалната противпожарна единица Тетово од почетокот на годинава досега имале 100 интевенции. Изминативе денови најмногу имало пожари на отворен простор, а најчестата причина за нив бил човечкиот фактор.

Командирот Ука Алити,  апелира на поголема внимателност во насока на превенција од пожари, особено до земјоделцитево пресрет на пролетната сеидба.

Освен пожари на отворен простор, пожарникарите гаснеле и пожариво станбени објекти.

За поголема ефикасност при појава на пожари, Алити апелира да се приклучат и градоначалниците на руралните општини со свои тимови.

Инаку, предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни зависно од последиците.