Зачестени физички напади меѓу ученици во Гостивар

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Насилството меѓу младите во Гостивар станува зачестена појава. Тепачки и физички напади меѓу средношколци, па и меѓу основци се случуваат во близина на училиштата. Наместо дружба и делење на знаења и искуства, децата разменуваат тупаници. Минатата недела во само еден ден, полицијата регистрираше два случаи на физички напади меѓу ученици. Во едниот биле користени и тврди предмети.

Што ги прави децата агресивни? Според стручните лица причините првенствено се во  родителите и влијанието на интернетот.

„Причината прво треба да се бара во семејните вредности и начинот на којшто се воспитуваат децата. Телефоните и интернетот внесуваат голема промена во процесот на воспитување. На родителите им е најлесно, да им купат телефон на децата и да ги остават да го користат цело време. Така, децата изгледаа навидум мирни. Но, тие не се исполнети со некоја активност, па да ја извадат таа енергија што ја имаат низ нормална детска, младешка игра. Родителите пак, немаат никаков авторитет, владее тренд дека родителот треба да биде попустлив, треба да удоволува се` и децата многу се препуштаат на технологијата.“, вели Билен Карахасан, психолог во Центарот за социјална работа во Гостивар.

Ваквите проблеми невозможно е да се решаваат строго институционално, во училиштата или со полицијата, нагласува психологот Карахасан.

„Родителите не треба да мислат дека ако на детето му купат се` што ќе посака, скапи патики, телефони и слично, дека со тоа воспоставиле добра комуникација и релација. Не, потребен е разговор, внимание и време поминато во добра семејна атмосфера. Потребно е враќање на традиционалните семејни вредности, кога постарите се почитуваа и нивните совети беа слушани“, вели психологот.

Како превентивна мерка против меѓуврсничкото насилство и другите проблеми што ги мачат учениците, во средните училишта во Гостивар започнаа да се одржуваат редовни посебни состаноци. Средбите се организираат еднаш неделно, а во дискусиите учествуваат  претставници од полицијата, социјалните служби, локалната самоуправа, родители и самите средношколци. 

Материалы по теме:

Пошта отвори нов пункт со шалтери во Гостивар
Подружницата на Пошта во Гостивар го зголеми шалтерскиот капацитет. Денес официјално беше пуштен во употреба нов пункт за услуги за граѓани и правни лица, ...
Општина Гостивар апелира институциите да доаѓаат на состаноците на Кризниот штаб
Многу празни столчиња во салата на Општина Гостивар, кадешто се одржува состанок на Кризниот штаб за состојбата со коронавирусот. Иако токму овој период, Гостивар ...
Воспитувачка од градинка во Гостивар позитивна на корона, 10 деца се во изолација
Регистриран е прв случај на коронавирус во детските градинки во Гостивар. Се работи за воспитувачка, која резултатите од тестирањето ги добила вчера (20 октомври), ...
Работилница за рачна изработка на керамика во Гостивар
Под мотото „Да се вратиме на традицијата“, во Гостивар се одржа десетдневна работилница за рачна изработка на керамика. Уметници и граѓани имаа можност бесплатно ...
Хируршкото одделение во Гостивар целосно се реконструира
Пациентите кои во иднина ќе се оперираат и третираат на хируршкото одделение во гостиварската болница, ќе имаат современи услови според високи стандарди. Во овој ...