За време на викендите забрана за движење во период од 16 до 5 часот.

Градинарите се изземени од оваа забрана, а другите земјоделци можат да побараат посебни дозволи.

Почнувајќи од утре, за време на викенд деновите, во сабота и во недела, од 16:00 часот до 05:00 часот, ќе важи забраната за движење на граѓаните.  Оваа дополнителна рестрикција на движењето, според Владата, е воведена со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот. Во сила остануваат и сите предходно донесени забрани.

Земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници се изземени од забраната за движење во викенди, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Другите земјоделци, пак, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството, да образложат и да остават меил за контакт. Откако Подрачната единица ќе изврши проверка на доставените податоци, ќе ги препрати до Министерството за земјоделство, а потоа и до Министерството за информатичко општество од каде земјоделците на својот меил ќе ја добијат дозволата.

Од СВР Тетово информираат дека вчера и денеска на подрачјето вкупно 4 лица не ја почитувале владината одлука за ограничено движење, од кои едно лице во Тетово и три во Гостивар. Сите се лишени од слобода и се задржани за целосно документирање на случаите, по што против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Вчера, исто така, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, во Тетово и тетовска Голема Речица откриени се 3 угостителски објекти, кои биле отворени и работеле. Објектите се затворени, а против нивните сопственици ќе следуваат поднесоци.

Од полицијата со апел до граѓаните целосно да ја почитуваат владината одлука за ограничено движење и сите мерки и препораки, бидејќи секое непочитување, односно кршење на овие мерки ќе се санкционира на законски предвидениот начин, односно со изготвување на соодветни поднесоци.

error: Content is protected !!