За Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во Основното училиште „Братство Миѓени“ – објект Спортски центар Тетово се одржа пригоднo одбележување

Учениците се претставија со песни и рецитали, преку кои се слави ликот и делото на основачите на првата словенска азбука.  

Ден на сесловенските просветители, ден на светите солунски Браќа Кирил и Методиј, се празнува на 24 мај, денот кога е започната Моравската мисија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените.

Данијела Билбилоска