За Општина Тетово е изработен стратешки документ за безбедноста во сообраќајот     

Речиси секојдневно на патиштата на тетовското подрачје се случуваат сообраќајни несреќи. Лани биле регистрирани 805, најчесто на автопатот и на најфрекфентните градски улици во кои загинале 8 лица. За првпат за Општина Тетово е изработен стратешки документ, кој се однесува на стратешкото управување со безбедноста во сообраќајот на локално ниво.

8 жртви на патиштата во Тетовско за една година, половина од нив животот го загубиле како пешаци, тројца мотоциклисти и еден возач на автомобил. Во вкупно 805-те сообраќајни несреќи лани повредени биле 691 лице, од кои 60 завршиле со тешки телесни повреди.

Општина Тетово преку акционен план со конкретни и стручно дефинирани активности ќе ги намалува сообраќајните несреќи. Една од црните точка е токму булеварот Видое Смилески Бато, каде најмногу гинат пешаци.

Во Тетово метежот е сѐ поизразен, а сообраќајната инфрастуктура несоодветна. Приоритет за реализација според акциониот план ќе бидат критичните точки.

Стратешкиот документ е изработен преку проект на Светска банка во соработка со Министерството за транспорт и врски, но допрва треба да се изнаоѓаат финансиски решенија за зацртаните цели да бидат реализирани.

Данијела Билбилоска