За секој симптом – консултација со матичниот лекар


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Пациентите би требало секојпат да го консултираат својот матичен лекар, за секоја промена во нивната здравствена состојба, вели специјалистот по медицина на трудот, д-р Илчо Ефкоски. Есенскиот период е време на сезонски вируси и јавување на респираторни проблеми,  па лекарите апелираат пациентите да бидат одговорни, особено сега кога земјата и светот се соочуваат со пандемија на новиот коронавирус.

Лекарите веќе имаат познавања во врска со Ковид-19, поставувањето на дијагнозата и соодветниот третман. Сега се бележи и повисок успех во однос на дијагностиката, вели Ефкоски.

Тетово последниот период бележи висока бројка на новозаразени лица на дневна основа. Бројот на активни случаи со Ковид-19 во тетовско е над 600.