Зголемен број на заразени со ковид во однос на претходната недела

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи со ковид-19 во споредба со претходната недела. Воедно е констатирано дека нема зголемување на бројот на хоспитализации и смртни случаи од ковид. Д-р Солески во гостување во емисијата „Утрински брифинг“ истакна дека сите досегашни показатели укажуваат дека ни претстои полесен ковид-бран.

Од Комисијата за заразни болести потсетуваат на задолжително носење маски во здравствените установи , згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз. Исто така од  КЗБ истакнаа дека будно ја следат состојбата и во зависност од промените на истата ќе бидат донесени соодветни препораки.

Ивана Серафимовска