Зголемен е интересот за планинарење


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Пандемијата предизвикана од Ковид-19, придонесе поголема заинтересираност за планинарски активности.

Пандемијата со Ковид-19 и рестриктивните мерки кои беа воведени, придонесе луѓето да поминуваат повеќе време во природа. Не изостана и рекреацијата на планините ширум земјава. Живописната природа на Шар Планина беше клучна за посета и од странски посетители.

Сите оние коишто сакаат да бидат активни членови на планинарски клуб, најпрво мора да ја поминат едукацијата за планинари, којашто вклучува петпати активно учество на планинарски тури и едукација во поглед на задолжителната опрема на потенцијалниот планинар.

Планинарењето во зимскиот период пак носи опасност од лавини. Надлежните апелираат во таков случај, да се организираат планинарски тури на планини коишто не се повисоки од 1800 метри надморска височина.

Покрај тоа што планинарењето носи низа здравствени придобивки, претставува и одлична можност за рекреација на чист воздух и бегство од секојдневието.