Здравствен дом Гостивар доби донација современо Амбулантско возило

Здравствениот дом во Гостивар се поднови со модерно опремено Амбулантно возило, кое преку грант одМинистерството за надворешни работи на Германија, го обезбеди невладината “Европски центар за развој, толеранција и соработка”. Возилото, чија вредност достигнува 38 илјади и 500 евра денес и беше предадено на установата.

„Нашата организација НВО “Европски центар за развој, толеранција и соработка” за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Гостивар, аплицираше за грант за амбулантно возило од малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, кои имаат за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин. Проектот логистички е поддржан од Општина Гостивар. Благодарност до амбасадорката Анке Холштајн, како и директорот на Здравствениот дом д-р Јамин Синани за добрата соработка“, изјави Лимани. 

Гостиварскиот Здравствениот дом, во чиј склоп работи Итната медицинска помош сега располага со 4 амбулантски возила, вклучувајќи го и новото. Директорот Јамин Синани смета дека со ова целосно се покриваат потребите на населението од овој регион.

„Ова е многу значајна донација за нашата установа и навистина сме благодарни за неа. Според стандардите на СЗО, едно амбулантно возило покрива 50 илјади население, што значи дека ќе ги заодоволиме потребите. Сепак, треба да се знае дека Гостивар е транзит за Албанија, кон Охрид и на ова подрачје се случуваат доста сообраќајни несреќи, во кои се вклучуваме за помош, па никогаш не можеме да кажеме дека е доволно од возила“, изјави Синани.

Новото Амбулатско возило е опремено целосно за транспорт и пружање на потребна помош за пациенти според европските стандарди.

error: Content is protected !!