Здружението Мултикултура од Тетово нуди бесплатна правна помош на ранливите категории граѓани

Принудно користење одмор, неисплатени и намалени плати, отказ… со вакви проблеми граѓаните на Тетово се обраќаат до Здружението Мултикултура, кое дава бесплатна правна помош за време на корона кризата. Од таму велат има голем број јавување до нивниот адвокат за прекршувања на работничките права и дека најголем проблем е што граѓаните не знаат дека постои закон кој ги штити.

Граѓаните добиваат совети да не се потпишуваат спогодби за престанок на работен однос за да може Државниот инспекторат за труд да делува и да ги спречи сите незаконски појави.

Здружение Мултикултура од 2013 година е овластено здружение за обезбедување на бесплатна правна помош и има ангажиран адвокат за програмата Давање бесплатна правна помош. Комуникацијата со адвокатот може да се одвива преку телефон или емаил.

error: Content is protected !!