Здружението на регионални и локални телевизии Медиум Објектив бара помош и поддршка од државните институции

Барањата се поради актуелната состојба во која се наоѓа државата и потребата од редовна информираност на јавноста за актуелниот корона вирус COVID-19.

Во дописот од членовите на Здружението на регионални и локални телевизии, Медиум Објектив, испратен до Владата и неколку надлежни министерства, се истакнува барањето на првата наредна седница да се разгледаат состојбите и да се донесат мерки и одлуки кои ќе овозможат опстанување на локалните и регионални тв станици, пред се заради прекинати рекламни активности на компаниите од локално-регионален карактер, кои се единствен извор на нивно финансирање.

Од таму бараат неповратна финансиска помош за олеснување на работењето и субвенционирање на придонесите на вработените, како поддршка во делот на исплата на плати. Во дописот се бара итна интервенција во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и бришење на член 102 од Законот, со што ќе се овозможи локалните самоуправи да издвојат средства за информирање на населнието преку регионалните и локални тв станици за мерките и насоките, кои тие ги преземаат, а се однесуваат на превенција и заштита на населението во вонредната состојба во која се наоѓа државата.

Во кризните периоди како сегашниот со ширење на коронавирус најпотребни со медиумите, така што државата треба да најде начин да им помогне, со цел навремено и правилно известување на јавноста, вели потпретседател на Здружението Медиум Објектив, Меваип Абдиу.

Поради фактот што оваа вонредна состојба им нанесува огромна штета на регионалните и локалните телевизии, како финансиски, така и кадровски, одлуката на надлежните за испорачаните барања на Здружението е многу важна за понатамошна реализација на идните активности на овие медиуми.

error: Content is protected !!