Здружението „Храбро срце“ ќе биде активно и оваа година


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Со цел подигнување на свеста кај населението за донирањето органи, што би значело спасување човечки животи, Здружението „Храбро срце“ ќе биде активно и оваа година.

Членовите ќе се залагаат да се обучи тим за отстранување на веќе поставените пумпи, бидејќи во нашата земја досега тоа не е направено, како и за реализација на дадените ветувања од Фондот за здравствено осигурување.

Во годината што измина Здружението „Храбро срце“ преку различни активности го отвори прашањето за донирање органи во нашата земја.

Инаку, минатата година Здружението изгуби неколку свои членови. Оттаму велат дека секојдневно расте бројот на лица со срцеви проблеми, така што нивниот најнов член е пациент на 30-годишна возраст со вградена пумпа.