Земени брисеви на 150 вработени во тетовските градинки

150 вработени во сите објекти на детската градинка Младост во Тетово, како и во Центрите за ран детски развој, беа дел од скринингот што се прави во нашата земја, за да се испита дали има заболени од коронавирус пред почетокот со работата и приемот на деца. Вчера и денес им беа земени брисеви на воспитувачките, негувателките, административните работници и техничкиот персонал, а резултатите од тестирањата ќе се знаат најдоцна до петок.

Од Управата на тетовската градинка велат дека се прават сите подготовки за започнување со работа на градинките. Ги чекаат насоките од ресорното министерство, но велат очекуваат се да тече во најдобар ред.

Здравствените власти во земјава најавуваат дека по завршувањето на тестирањата, градинките би требало да започнат со работа во средината на јуни, а во наредниот период ќе бидат тестирани и здравствените работници, таксистите, полицијата.

error: Content is protected !!