Зимскиот распуст се искористи за подобрување на условите во училиштата, велат од Секторот за јавни дејности

Деновите на зимскиот рапуст се искористиле за да се подобрат условите во сите образовни институции во општина Тетово, тврдат од Секторот за јавни дејности. Освен во основните, оваа година ќе се инвестира и во средните училишта, каде имаше застој поради долгови.

И во услови на пандемија во сите образовни институции во општина Тетово во текот на зимскиот распуст се реализирале градежни активности.

„За надлежните стана практика училишните паузи да се искористат за реализација на активности за подобрување на условите во училиштата и квалитетот на наставата“, вели раководителот на Секторот за јавни дејности, Ахмед Ќазими.

Оваа година ќе се инвестира и во средните училишта, каде имаше застој поради долгови.

Според Ќазими првото полугодие во општина Тетово во услови на пандемија заврши успешно. Имало мал број заразени ученици и наставници. Онјалн наставата, пак, завршила со над 90% реализација.

Во општина Тетово околу 3 400 ученици следат настава со физичко присуство, од вкупно 10 100 основци, додека останатите, заедно 6 600 средношколци следат онлајн настава.

Второто полугодие, пак, ќе започне на 21 јануари, во четврток и ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел.