Значајни успеси за двајца гимназијалци од Тетово

Учеството на натпревари е мотивација на учениците да го надоградуваат своето знаење, a добивањето награди е потврда за трудот.

Во текот на оваа учебна година во роботиката и во информатиката двајца средношколци од Гимназијата Кирил Пејчиновиќ од Тетово забележаа значајни успеси.  

Лука Стефановски ученик во 4-та година, освои второ место на натпреварот за роботика, вештачка интелигенција и електоника „RoboMac Junior“, натпревар на кој се учествува само со покана.

Филип Стојаноски ученик во 3-та година на „The Bebras Challenge“ доби посебно признание.

            Гимназијалците секоја година учестуваат на натпревари под менторство на професорката по информатика Лидија Ивановска.

Освен по информатика ученици од Гимназијата Кирил Пејчиновиќ добиваат награди по другите предмети, но и во спортот.

Данијела Билбилоска