Играорците од КУД „Свети Сава Први“ од Тетово и годинава настапија на фестивалот во Гуча

Играорците на КУД „Свети Сава Први“ од Тетово и оваа година беа дел од 61-вото издание на Драгачевскиот собир на трубачи кој се одржа од 5-ти до 7-ми август во Гуча,Србија. Пред присутната публика се претставија со три кореографии. За разлика од претходната година каде што на фестивалот освоија гран-при и награда за најубава народна носија, годинава само благодарница за нивното учество, но и покрај тоа тие се задоволни од нивното претставување и како што велат и ова гостување во Гуча, им претставува поттик за нови успеси.

За нивните кореографии да бидат беспрекорни, играорците од КУД „Свети Сава Први“ имаат проби секојдневно, а освен македонски народни ора, подготвуваат и  српски ора.

Инаку КУД „Свети Сава Први“ од Тетово постои  од 1995 година.

Ивана Серафимовска