Играчки промени во ФК Шкендија

Екипата на Шкендија започна со составување на екипата која ќе игра наредната сезона. Клубот информираше дека договорите не се продолжени со четворица играчи. На Марјан Радески, Ардиан Далки, Константин Чешмеџиев и Самир Фазли им завршија договорите и тие се слободни да бараат нови клубови. За разлика од нив, Бесарт Ибраими, Валмир Нафиу и Мевљан Мурати добија продолжување на договорите и тие и во иднина ќе настапуваат за екипата на Шкендија. Единствено ново име до сега е повратникот Егзон Бејтулаи. Репрезентативецот на Македонија после 6 месеци во шведски Хелсиборг се враќа во таборот на Шкендија.

error: Content is protected !!