Известување за сообраќаен режим

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните на Тетово и Тетовско дека утре (22 декември) во периодот од 6 часот и 30 минути до 15 часот, ќе воведе посебен сообраќаен режим на улиците кои водат кон Шарена џамија и комплексот „Арабати баба теќе“ во Тетово, а поради доаѓање и престој на висока делегација од Република Турција.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да имаат разбирање за изменетиот сообраќаен режим и доследно да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, но и да не ги паркираат своите возила и непотребно да не се задржуваат на овие улици во периодот за кој станува збор.