Извршена ждрепката за Купот на Македонија

Денес во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија беше извршена ждрепката за 1/16 финалето од Купот на Македонија. Натпреварите се играат во среда, 23.09. во 15 часот и 30 минута, освен натпреварот Вардар Форино – Вардар Скопје, кој ќе се одигра еден ден порано.

Двојки за 1/16 финале:

Вардар Ф. – Вардар С.
Охрид Лихнидос – Ренова
Тетекс – Силекс
Кит Го Пехчево – Скопје
Победа П. – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Влазрими – Работнички
Велешта – Кожуф
Слога В. – Шкупи
Росоман – Беласица

Во 1/16 финалето слободни се екипите на Шкендија, Струга, Академија Пандев и Брегалница Штип.

error: Content is protected !!