Изгласана завршната сметка на Буџетот за 2022 година
12-та седница на Советот на Општина Тетово. Се гласаше за завршни сметки, извештаи за работа и финансии, план за вработување на Општината и слично. Опозицијата повторно со реакција дека недомаќински се трошат буџетските средства.
На денешната Седница на Советот на општина Тетово денес беше изгласана завршната сметка на Буџетот за 2022 година, која лани беше причина за повторно одржување на избори на членови на Советот. На дневен ред се најдоа и завршните сметки на воспитно-образовните установи.
Од советничката група на СДСМ реагираа дека буџетските средства се трошат непродуктивно и недомаќински.
Претседателот на Советот и советничката група на ВМРО ДПМНЕ, пак, со одговор.
На седницата се гласаше и за доделување финансиска помош.
Данијела Билбилоска