Изградбата на новиот конак во Лешок е во тек

Во тек е изградбата на новиот конак во Лешок, кој што се гради со средства на Лешочкиот манастир. Се работи за простор од 750 квадрати, каде што ќе има повеќе соби и работни простории.

„Заложбите на неговото високо преосвештенство, митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф, на манастирската управа, се дојде до тоа да се изгради тој конак, со тоа што првиот дел на конакот ќе биде автентичен на стариот, изграсден со камен. Ќче користи за потребите на МПЦ и сите добронамерници кои ќе сакаат да го посетата, да преспијат итн.“, вели отец Александар од тетовско-гостиварската епархија.

Конакот се прави според сите современи стандарди на градба, за која се потребни многу финансиски средства.

„Апелираме до сите компании и сите добронамерни луѓе, да донираат средства, за конакот да го добие целосниот сјај, бидејќи она што ќе го изградиме, тоа и ќе остане, се она што е во црквата е заеднички имот и заедничка потреба на сите нас“, истакнува отец Александар.

Со изградбата на конакот манастирот ќе добие дополнителни простории, од кои, како што велат од цркавата, имало потреба.

error: Content is protected !!