Изградена капела во Тетово, се уште не се користи

Веќе може да се забележат оштетувања на надворешноста на објектот на капелата во Тетово. Втора година откако целосно е изградена, но не се користеше поради различни технички недостатоци, а сега се чека на доопремување на внатрешноста.

Православните верници од Тетово верските обреди пред погреб сè уште ги прават во семејните домови.

Објектот започна да се гради во 2015 година, а во 2020 со одлука на Советот беше предаден на управување.

Од Општината велат тендер за доуредување на капелата треба да се објави деновиве.

Ништо е променето и во однос на уредувањето на новите православни гробишта во село Фалиште. Таму се вршат погреби, но нема соодветни услови. Нема црковен објект, оградата на задниот дел е искршена, а наместа има и купушта отпад.

Данијела Билбилоска